Ќе ја поведе Европа Орбан против американскиот диктат ?

428
0
SHARE

Унгарија стана гласноговорник на отворениот отпор контра диктатотот што доаѓа од Вашингтон и Брисел, што е и логично, бидејќи на нејзината територија има силни инвеститори од други големи и моќни држави на светот.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја отфрли наредбата од Вашингтон да се спротивстави на кинеската сајбер-шпионажа и да ја поддржува Украина како противтежа на Русија. Тој им рече на американските дипломати дека “сака да изгради неутрална надворешна политика, според моделот на Австрија, а не да ги исполнува барањата на САД”.

Ова не е прв пат Орбан јавно да се спротивстави на САД и овој американски став го отвара прашањето дали Американците почнаа отворено да даваат наредби на другите земји што да прават и има ли други земји кои би покажале непослушност како Орбан?

Можеме ли да очекуваме сојузнички контраудар на американската надворешна политика?

Италијанците и резултатите од нивните избори се токму одговорот контра диктатот на ЕУ и САД и тоа веќе се согледува во односите на Италија со Франција и Германија. Сите земји кои се спротивставуваат на диктатот од САД и ЕУ имаат јавно изразен интерес за укинување на санкциите против Русија.

Се разбира дека одлуката на Орбан во однос на Украина и Кина, што е спротивно на интересите на САД, не е случаен. Унгарија има свои проблеми со Украина и ситуацијата на унгарското малцинство таму, додека Кина е голем инвеститор во Унгарија, и заедно со Србија, тие се дел од иницијативата на кинескиот проект “16 плус еден”

Р.М.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here