Ќе се гради нов објект на Државниот архив

424
0
SHARE
Во однос на чинењето на ова решение, Апостолска посочи дека директорот на Архивот треба да изработи план, во кој ќе бидат таксативно опишани сите активности за изградба и во соработка со Министерството за финансии да изнајде финансии.

Ќе се гради нов објект на Државниот архив, поради просториите кои се пренаменети за потребите на Обвинителството, решено е на вчерашната седница на Владата.

„Одлуката е врз основа на пошироки консултации и фактички увид на лице место, со што се соочуваат сите три инволвирани институции. Најсоодветно решение е да биде изграден сосема нов објект со сите потребни стандарди кои сега ги немаат. Со менување веќе донесени одлуки и пореметување други институции ќе создадеме нов проблем од ист карактер“, изјави на денешната прес -конференција министерката Зорица Апостолска.

Во однос на чинењето на ова решение, Апостолска посочи дека директорот на Архивот треба да изработи план, во кој ќе бидат таксативно опишани сите активности за изградба и во соработка со Министерството за финансии да изнајде финансии.

Како поддршка на оваа одлука, дополнително посочи таа, се вклучила и итната потреба за санација на атмосферските води во постоечкиот објект.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, посочи дека архивските материјали во моментот се заштитени и ниту еден материјал не е оштетен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here