Ќе се прекршат ли копјата за спорот со името на средбата во Њујорк со Нимиц пред почетокот на викендот

449
0
SHARE

Нова рунда преговори, а можеби и финални, помеѓу Македноија и Грција околу името ќе продолжат во четврток и петок во Њујорк, гласи во најавата вчера од МНР.

Шефовите на дипломатиите на двете земји, Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, повторно ќе се сретнат со посредникот на ОН Метју Нимиц на 24 и 25 мај во Њујорк.

Новата рунда преговори следи после средбата на македонскиот и грчки премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас, на самитот во Софија, на кој како можно обострано прифатливо решение го утврдиле името „Република Илинденска Македонија“.

Владата на Македонија вчера потврди дека останува зад предлогот „Илинденска Македонија“ како решение кое ги задоволува двете страни, иако грчката влада претходно го отфрли тој предлог, инсистирајќи на географска или временска одредница согласно со предлогот на Нимиц.

Медијаторот Нимиц, во почетокот на годината, предложи пет имиња како опција за решение за сложено име -„Горна Макеоднија“, „Северна Македонија“, „Вардарска Македонија“, „Нова Македонија“ и „Република Македонија (Скопје)“. Потоа Македонија го отфрли предлогот со додаток „Нова“ а Грција името Скопје во заграда.

Владата на Македонија се надева дека по евентуално решение за спорот сп името би можела да добие датум за почеток на преговори за прием во ЕУ, а претходно, влез во НАТО на самитот во јули годинава.

Мартонскиот спор на Грција со Македонија околу правата на името кое го носи и северната грчка покраина, ја блокира евроатланската интеграција на Македонија. Грција смета дека уставното име на Македонија имплицира територијални претензии, нешто што Македонија го негира.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here