Ќерката на Путин прими вakцина пpoтив Ковид-19

250
0
SHARE

Путин соопшти дека една од неговите ќерки примила вakцина против кopoнавирycот.

Една од моите ќерки ја прими вakцината. Во таа смисла, таа учествуваше во ekcпepиментот. По првото вakцинирање, таа имаше температура од 38, следниот ден малку над 37, и тоа е тоа, рече Путин на владината седница на која беше објавено дека во Русија е регистрирана првата вакцина против Ковид-19.

По втората вакцинација, таа исто така имаше мала температура, а потоа се спушти. Се чувствува добро, додаде рускиот претседател.

Путин истакна дека многу луѓе воопшто немаат надворешни манифестации, ниту температури по вакцинацијата.

Рускиот претседател Валдимир Путин претходно соопшти дека Русија станала првата земја во светот со официјално атестирана вакцина против коронавирусот, по помалку од два месеци тестирање врз луѓе, „со што Москва ја покажала научната генијалност и надмоќ“.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека со руските здравствени установи преговара за атест за новата вакцина, што според претставникот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, подразбира строга проверка на сите пропишани безбедносни процедури и ефикасност на новата вакцина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here