Ким се појави во јавност објави cвернокорејска агенција

20
0
SHARE

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се појави во јавност по повеќе од 20 дена откако присуствуваше на свеченост на отворање на фабрика северно од Пјонгјанг, објави државната агенција КЦНА.

Агенцијата Ројтерс не успеала независно да ги потврди наводите на севернокорејската агенција.

Ким, како што јавува КЦНА, ја пресекол црвената лента на церемонијата на отворање на хемиска фабрика, а присутните „громогласно извикувале „ура“ и така го поздравиле врховниот лидер“.

Ким на снимките е прикажан во придружба на неколку високи севернокорејски функционери, вклучувајќи ја и неговата помлада сестра Ким Јо Џонг. Американскиот претседател Доналд Трамп одби да ги коментира тврдењата на севернокорејската државна агенција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here