Кинескиот гигант Алибаба, доаѓа во Србија

586
0
SHARE

Кинескиот и светски гигант за онлајн трговија Alibaba доаѓа во Србија. Со оваа соопштение се стави точка на неколку месечните шпекулации за тоа која од земјите од регионот е најсериозен кандидат за привлекување на таа инвестиција. Имено, претставници од Alibabа од почетокот на годинава беа во интензивен поход по земјите од регионот од Хрватска преку Унгарија, Романија до Бугарија барајќи стратешки партнер затоа што планираат да изградат голем дистрибутивен центар во овој дел од Европа.

SEEBiz.eu пренесува дека од Министерството за трговија на Србија по враќањето од Кина, каде што разговараа со претставници на Alibaba, изјавија дека сега е извесно доаѓањето на е-трговецот во Србија и дека за 6 месеци може да се очекуваат првите резултати од преговорите.

„Утврдено е дека ќе почнеме преговори. Ќе формираме оперативни тимови кои ќе се занимаваат со приоритетните теми. Три теми се договорени, две се предложени од Alibaba – онлајн туризам и електронско плаќање. Ние сакавме да разговараме за отворање дистрибутивен центар и за логистиката. Се зависи од нас, од брзината со која ќе искористиме одредени предиспозиции затоа што бевме повеќе проактивни во споредба со други земји“ изјавија од Министерството.

Оттаму напоменуваат дека се сигурни дека Alibaba ќе дојде на српскиот пазар и дека еден од клучните аргументи во разговорите со Alibabа бил фактот дека Кина во моментот во Србија има проекти вредни 6 милијарди долари.

Доаѓањето на Alibabа во Србија преку онлајн туризам и апликацијата Аlipay би значело голем скок на бројот на кинески турсити во Србија, затоа што голема препрека за нив сега е тоа што во Кина повеќе од 85% од плаќањето се први преку мобилен телефон. Кога би ја имале апликацијата Alipay во Србија тие би трошеле многу повеќе, а од друга страна така Србија ќе се отвори како пазар за други кинески компании.

Еден од приоритетите на Alibaba е изградба на логистички центри во Србија, меѓутоа тоа е сложен процес кој бара подолгорочна соработка и за кој се заинтересирани и други кинески компании. Како што велат, за тоа е потребно инвестирање во транспорт, пред се во железничката пруга Белград-Будимпешта.Сепак, постојат разговори за директна линија меѓу кинескиот град Хангџу, каде што е седиштето на Alibaba,  Ниш.

Alibaba е светски гигант на полето на електронската трговија и во својата понуда има повеќе од 800 милиони производи. Бројот на активни корисници во септември годинава достигна 549 милиони луѓе, а дневниот промет речиси 1 милијарда евра. Овој светски гигант работи во 200 земји во светот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here