Клучна средба утре меѓу Заев и Ахмети за влада

175
0
SHARE

Демократската Унија за интеграција соопшти дека во разговорите одржани на ниво на партиски секретари меѓу Артан Груби од ДУИ и Љупчо Николовски од СДСМ постигнат е сериозен напредок скоро во сите прашања коишто водат до договор за нова Влада.

Од партијата информираат дека утре ќе има средба меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Со оглед на итноста и потребата да се дејствува брзо на клучните институции во земјава со цел решавање на здравствените и економските предизвици поврзани со Ковид-19, утре ќе се одржи клучна средба меѓу претседателите Али Ахмети и Зоран Заев каде се очекува да биде постигнат конечен договор за нова, стабилна Влада, посветена на четиригодишен мандат – велат од ДУИ.

Иако веќе неколку дена доаѓаат најави дека двете партии се блиску до конечен договор, засега нема ниту едно потенцијално име за новите функционери, ниту, пак, како ќе биде распределбата на министерските ресори.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here