Кнежевиќ: Мило Ѓукановиќ мора да замине од власт или да заврши во затвор

387
0
SHARE

Претседателот на “Атлас група”, Душко Кнежевиќ, во интервју за Ал Џезаира, порача дека нема да запре се додека претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ не замине од власт или заврши во затвор. Тој додаде дека на партијата нa Ѓукановиќ и помагал со милионски суми и дека е спремен да одговара за тоа пред државните органи.

Кнежевиќ истакна дека документите и снимките кои ги поседува ги обработува со својот експерстки тим и со обвинителството на Велика Британија, додаде дека има документи од приватните сметки на Мило Ѓукановиќ, од неговите приватни кредити, приватизацијата, заеднички вложувања, се каде имало корупција и за украдените 15 милиони евра префрлени од Атлас во Прва банка.

На прашање дали некоја странска служба стои позади него, Кнежевиќ одговори “дека има добри контакти”.
“Ѓукановиќ ги знае моите контакти, бидејќи јас му помагав во неговиот евроатлантски пат”, рече Кнежевиќ.

Тој кажа дека поседува многу материјал кои би можеле да ја загрозат државноста на Црна Гора и дека затоа голем дел од нив нема да се објават.

“Не треба да се поистоветува државата со Ѓукановиќ, тој е само еден корумпиран политичар кој мора да замине”, заклучи Кнежевиќ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here