КОЛКАВИ ПЛАТИ ЗЕМААТ МАКЕОДНСКИТЕ МИНИСТРИ: Оливер Спасовски со највисоки примања, премиерот Заев на второто место

439
0
SHARE
New Macedonian Prime Minister Zoran Zaev, front row third right, and the members of his Cabinet pose for the media after the lawmakers approved the new government following a two-day debate in the Parliament in Macedonia's capital Skopje, late Wednesday, May 31, 2017. Macedonian parliament elected a new center-left coalition government led by former opposition leader Zaev late Wednesday, ending a six-month political stalemate. (AP Photo/Boris Grdanoski)

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски добил 92.299,00 денари плата за октомври. Со тоа тој е најплатен министер во владиниот кабинет и зема повисока плата од премиерот Зоран Заев, на кого минатиот месеци му се исплатени 88.161,00 денари, пишува Независен.

Од Владата појаснуваат дека платите на избраните и именувани функционери се пресметуваат според соодветни коефициенти и според години на стаж. Платата на Спасовски, пак, е повисока од таа на премиерот затоа што на министрите за внатрешни работи им следува надиоместок од плус 20 проценти за тежина на работно место, што било уредено со одлука донесен од Собранието пред повеќе години. Во последните пет години, членовите на владата и други функционери добиваат намалени плати кои се пресметуваат на намалена основица на просечната плата во државата, а согласно мерките за штедење што беа донесени за време на економската криза. Со тоа, Спасовски е единствен член на кабинетот на Заев што има плата повисока од 90 илјади денари, колку што е прагот според кој во иднина ќе се плаќа повисок данок, согласно со праведното оданочување што го најави Владата.

Платите на министрите се објавени на сајтот на владата, преку алатката за отчетност. Примањата на другите министри минатиот месец се движеле од 70.994 денари, колку што земал министерот без ресор задолжен за подобрување на статусот на Ромите Аксел Ахмедовски, до 80.206,00 денари, колку што му се исплатени на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Со измени на Законот за плати на избрани и именувани функционери, платите на вицепремиерите наскоро треба да се изедначат со тие на другите министри, согласно со одлуката на Уставниот суд од пред неколку месеци. Минатиот месец, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска земала плата 79.150,00 денари, а на вицепремиерот за Рамковен договор Хазби Лика, и покрај информациите дека не оди на работа, му се исплатени 76.340,00 денари или нешто повеќе отколку на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој земал 75.635,00 денари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here