КОЛУМНА НА АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ: Замислете демократија, бидејќи очигледно ја немаме

615
0
SHARE

Замислете на тој беден 14ти март, после долгомесечно отсуство на опозицијата од работата на Собранието, сите седнaа во собраниските столчиња и почнaа да дебатираат за контрoверзниот закон за употреба на јазиците. Повеќе од јасно ни е на сите, а кога велам сите, буквално мислам на сите, старо и младо, политични или аполитични граѓани, Mакедонци, Aлбанци, Срби, Роми, Турци, Власи, Торбеши, Бошњаци итн., дека овој закон навистина излегува од Уставните рамки.

Зошто тензии и поделеност, што не сме отстапиле, да не кажам, не сме им дале на Албанците, па ова да не бидне? Зошто Талат Џафери во името на демократијата не молчеше, како што молчеше во 2012та кога го блокираше законот за бранителите од воиниот конфликт 2001ва, кога земаше збор и процедурално молчеше или читаше поезија  додека не му истече времето за збор.

Замислете пред Собрание, собран народ протестира во исчекување на гласањето на можеби еден од нај контроверзните закони во историјата на постоењето на законодавниот дом, во собраниската сала присутни пратениците, и на власта и опозицијата. Маратонска дебата за амандманите која би траела некои 4-5 дена, некои од амандманите ќе беа отфлени, а некои прифатени. Доволно беа неколку отстапки, па макар и од граматички карактер (поместување на запирка или некој друг интерпункцски знак) ете дебата и демократска атмосфера за надминување на круцијалните разлики и недоразбирања во општеството и државата. На крај, законот усвоен со аргументирана дебата на амандманите и разумен компромис, тоа би бил идеалниот исход во една зрела демократска држава.

Замислете после ваков исход, учесниците на протестот ќе си заминеа со затворени усти, македнскиот дигнитет немаше да биде ниту повреден, ниту нарушен. Сите горди ќе си заминевме дома, едните затоа што конечно ги добија правата бидејќи досега беа “обесправени”, а другите што достоинствно го бранеа и амандмански успеаа да влијаат на овој закон. На прес конференциите на двата табори , едните соопштуваат и слават, а другите аргументираат каде влијаеле на измените и како успале да го подобрат овој закон, ставајќи го ЦЕЛОКУПНО во Уставната рамка.

Замислете, Европската унија и меѓународниот фактор ќе ја поздравеа зрелата атмосфера и начинот на кој овој собраниски состав се справи со предизвиците и ги надмина тензиите и недоразбирањата. Сите ќе останавме со подзинати усти.

Но тоа не се случи на бедниот 14ти март. Напротив, реформската и транспарентната власт на Зоран Заев не дозволи расправа по амандманите. Впрочем, за нив побитно им беше да ја попречат масовноста на протестот пред Собрание, гонејќи и приведувајќи дел од поддржувачите на протестите, знаете, оние од ”проблематичните” здруженија на граѓани кои ја сакаат Република Македонија онаква каква што е. Паднаа маските на сите борци против режимот, некаде во процесот на буткањето се загубија, свесно или несвесно овозможувајќи да изникне нов, сосема поинаков либерален, а сепак уште повеќе бескомпромисен и побрутален режим од претходниот.

Да ова е РЕЖИМ, ова е режим со агенда и нема застанување на патот на реализација. За прв пат тоа ни го покажаа со начинот на кој беше избран Претседателот на Собранието со дискутабилно мнозинство во Собранието, а сега и со гласањето на законот за употреба на јазиците.

Во албанските медиуми се шпекулира дека Артан Груби, бришел пратеници од листингот на гласањето за законот за да ДУИ биде единствениот Албанец кој се бори за нивните права (Африм Гаши и Зијадин Села ги нема на листата дека гласале за законот). Ова укажува дека гласањата можат да бидат неверодостојни? Дека може да се протнуваат гласови и закони и кога се нема потребното мнозинство или присуство во собранието?

Ќе лежат луѓе во затвор за крвавиот 27ми април како причинители, но каде се тие, за поводот да одговараат? Истражните органи гордо ги покажуваат и се повикуваат на видео записите од Парламентот на 27ми Април, кој кого удрил, кој на кого кренал рака, кој кого влечел итн. А кој за што кренал рака, а дали воопшто кренал рака, а дали воопшто гласал? . Ќе можеме ли да го оспориме изборот на Талат со само 57 гласови или Груби додал уште некој глас?

Провладините медиуми дробат и спинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ во 2008ма годинина го донела законот за употреба на јазиците. Ако е така, што ли гласаа на срамниот 14ти март?

За да нема заблуди во 2008мата година беше донесен ЗАКОН ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИК ШТО ГО ЗБОРУВААТ НАЈМАЛКУ 20% ОД ГРАЃАНИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВО ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА. Закон кој целокупно ги отсликува и ги спроведува одредбите од Рамковниот Договор. За разлика од овој закон, на срамниот 14ти Март беше “шмугнат” ЗАКОН ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ. Знаете ли зошто се спомнува јазиците, а всушност станува збор за еден јазик, Албанскиот? Затоа што се изедначува употребата на Албанскиот со Македонскиот Јазик. Не само во едниците на локална самоуправа каде што најмалку 20% го зборуваат овој јазик, тука на целокупната територија на Република Македонија и во меѓународните односи и комуникација.

Забележувате? Нема повеќе рамка за јазикот да се користи во местата, само каде што Албанците се застапени со најмалку 20% од вкупното население. Сега тие ќе зборуваат официјален државен, службен јазик кој 80% од граѓаните на Република Македнија ниту го разбираат, ниту говорат. Албанците повеќе нема да зависат од пописот за да се докаже и посочи дали навистина се 20% од населението. Пописот е веќе небитен, а сега ќе се спроведе многу наскоро, во брзо, брзо време.

Замислете демократија, бидејќи очигледно ја немаме

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here