Колумна на Горан Анчески: Клоците на Претседателот

816
2
SHARE

Претседателот Иванов со право ги избркал од кабинетот, посебно МНР Никола Димитров заслужил затоа што го игнорираше претседателот на државата, ја злоупотреби службената положба, прекрши повеќе закони на државата Република Македонија и ги доведува во заблуда сите, предлагајќи договор без уставна основа и овластување. Без национална платформа и мандат кој го дава претседателот на државата се кочопереа и прифаќаа безпоговорно ама крајната одговорност и потпис согласно законот е на претседателот. Без срам и перде сакаат да му подметнат на претседателот штетна спогодба истовремено барајќи сопствена закрила кај светските блудници. И како да не ги избркаш.

Е не може така, никој а најмалку претседател на држава нема да прифати таков игнорантски однос. Дури ни евробирократот Хан, кој сега се прави недоветен, не им дозволува на неговите соработници на кои им е претпоставен да преземат било какви активности без да го информираат написмено.

Наместо со ум и вештини да ги штити интересите на државата чиј министер е,  се одважува лаконски и лигаво да изјави дека со срце ќе ја брани Спогодбата која е штетна за државата Република Македонија. Во спогодбата има дополнителни придобивки за нашиот јужен сосед дури и повеќе од тоа што беа познати грчки барања и позиции во минатото.

Придобивките од Спогодбата за државата Македонија ги кажаа, ама не кажаа колку отстапки направиле и колку губиме, затоа ќе ги наведам позначајни придобивки на Грција:

  1. Спогодбата во целост одговара на националната линија за сложено име со географска одредница, за употреба „ерга омнес“ која Грција ја држи 20 години.
  2. Прифаќањето на „ерга омнес“ е голем дипломатски успех на Грција бидејќи во минатото не беше прифатено како основа за дискусија. Тоа значи дека се наметнува не само да го користиме договореното име во меѓународни односи, во меѓународните организации, меѓународните форуми и меѓународните документи, туку и внатре во земјата.
  3. Името „Република Север Македонија“ кое во Грција ќе биде признаена како „Северна Македонија“ (без превод) става точка на користењето на името „Република Македонија“, што е уставно име под кое сме признаени од страна на преку 140 држави, вклучувајќи ги САД, Русија и Кина.
  4. Грција успеа да постигне не само прифаќање на ерга омнес туку Владата на Заев се обврзува веднаш да пристапи кон промени на македонскиот устав. Тоа е погубно за Република Македонија посебно ако се ревидира преамбулата на уставот.
  5. Прифаќање на промена на македонскиот устав е голема победа за Грција бидејќи не била дел од националната  црвена линија на Грција утврдена во последните 20 години, а која ја следеле сите власти на ПАСОК и Нова Демократија, но тоа е црвена линија на владата на “другарот” Ципрас. Освен тоа, никогаш порано немало согласност од македонските преговарачи да го променат македонскиот устав според меѓународен договор ниту од времето кога проф. Денко Малески како МНР беше преговарач, а мислам дека ниту од Фрчкоски, затоа што ниеден преговарач не добил мандат од било кој претседател на државата Македонија да преговара за промени во македонскиот устав.
  6. Спогодбата ѝ овозможува на Грција да пристапи кон ратификација дури после завршувањето на промена на уставот во Македонија. А Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, јасно кажа повикот Македонија да се придружи кон НАТО и ЕУ ќе пристигне дури откако ќе заврши ратификација на Спогодбата во парламентите на двете држави, а пак членство во двете организации ќе се случи експлицитно после уставните промени во Македонија. Македонската Влада се ќе направи за возврат нема никакви претходни гаранции за Македонија.
  7. Со Спогодбата Грција смета дека се прави разграничување на грчките Македонци и нивната античка грчка култура, јазик и регион во кој живеат, од народот на македонската држава и неговата историја, јазичките и културните карактеристики. Македонскиот народ на ниеден начин не им забрани на Грците да се нарекуваат Македонци. Сами си одбрале како ќе се викаат.
  8. Новото име на државата ќе биде регистрирано со промени во уставот. Истовремено, над 140 земји кои денес не признаваат под името „Македонија“ ќе не признаат повторно како ’’Северна Македонија’’. Леле кој срам, написмено да се обратиш на највисоките претставници на другите држави со барање ’’пу, пу не важи претходното, од денес сум Република Север Македонија’’
  9. Новото име потполно ја одвојува македонската држава од грчка Македонија и нејзините три региони (источна, централна, западна).
  10. Според грчкото толкување на Спогодбата експлицитно и недвосмислено е загарантирано дека ќе се елиминираат, спречуваат и сузбиваат сите видови на иредентистичка реторика и активности, како на јавни така и на приватни интитуции и субјекти. Македонските преговарачи реципрочно требало да напишат некој збор за геноцидот на Македонците во Грција.
  11. Уште неколку крајно понижувачки делови за македонскиот народ:
    а) ќе биде избришан членот за поддршка на македонската дијаспора. Во тој контекст ќе бидат тргнати референците за заштита на “македонското малцинство“ во соседните земји.б) ќе биде заменет членот за заштита на границите така што ќе бидат исклучени сите проблематични наводи. в) ќе бидат отстранети дури и индиректните историски референци од преамбулата на Уставот.
  12. Во Спогодбата се предвидува државјанството во Северна Македонија да биде ‘Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia’.
  13. Потпаролот на македонската влада потврди дека ќе се ставаат табли на спомениците и статуите за да стане јавно дека се тоа симболи на грчката култура (на пример „Воинот на коњ- наш Аце македонски’’ ќе има натпис дека е од хелинистичкиот период и го симболизира пријателството меѓу двете држави).
  14. Македонскиот јазик е признат од страна на Грција во рамките на ОН, но Спогодбата содржи дополнителна формулација која јасно содржи дека е тоа јазик од семејството јужнословенски јазици, како и експлицитен опис кој тој јазик го одвојува од древната грчка култура и грчко-македонското јазичко наследство.
  15. Сите епитети на државни и пошироко јавни институции, како и на иселенички/културни организации финансирани од страна на државата ќе го користат терминот „Северна Македонија“ со истовремено отстранување на одредницата „Македонија“.
  16. Се основа работна група од експерти која ќе се занимава со прашања на стоковите заштитни ознаки од 2019 година во рок од три години.

Дури и гласноговорниците на Ципрас укажуваат колку била невешта македонската дипломатија инволвирана во преговорите во ситуација кога преку 140 земји (вклучувајќи ги САД, Кина и Русија) ја признале Република Македонија под уставното име, ги признаваат граѓаните како Македонци а меѓународниот суд на ОН во 2011 година донесе одлука неповолна за Грција.

Гласноговорниците на Ципрас признаваат дека меѓународни прилики биле понеповолни за Грција од оние кои ги имале претходните грчки власти во преговорите. Значи биле поповолни за македонските преговарачи ама кога ќе ти се погоди слаб преговарач без македонска национална платформа не ти останува ништо друго освен’’да го пуцаш ка јојо’’.

Грција не остава на случајност, уште не објавена нацрт-спогодбата, грчкиот МНР Коцијас отиде на средба со Лавров,МНР на Русија.

                                                                                              Горан Анчески

Потпретседал на ГРОМ

2 COMMENTS

  1. Замислете каква е таа демократија од ФАШИСТИЧКА ЕВРОПА.
    Ќе дојдел онај дрогераш петел ХАН лично фа кажел колку бил добар договорот ….Абре абдал фашистичко ,бандитски. Гнаси. Тоа е ваш проект да ги оправдате 380 миљарди евра што ве украдоја циганине грчки за да ги исперете украдените пари. Бандити гнасни покварени. Бездушни идијот.

  2. Горане. Што фајде од пишувања кога фашистичко хитлеровата европа сака крв сака немири а не пишувања.
    Спремни ли сме за тоа ?ако не. Креминалец бандит, убиец ,предавник, е местотото во оваа БАНДИТСКА ДРЖАВА .
    ДОЈДЕ ЖИВОТОТ ЗА КРЕМИНАЛЦИТЕ !!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here