Колумна на Крсте Петревски: Митот за Руската економија?

1373
0
SHARE

Митот за слабата Руска економија ?

Во изминатите три или четири години жителите на Македонија, Европа и пошироко на Запад, редовно се соочуваат со наводи и искази дека економијата на Русија е слаба и дека соработката со источниот регион воопшто не е атрактивна. Оваа пропаганда е прилично агресивна и некомпромисна особено кога станува збор за Русија и соработката со Рускиот пазар и тржиште. Во реалноста се e сосема поинаку. Западот соочен со сопствени проблеми последниве години сами го измислија овој мит за да се охрабрат себеси преку своите медиуми.

Всушност, Руската економија е третата економија во светот.

“Да, Русија е силна” може да се каже, но дали тоа се однесува на економијата?

Според истражувањето на сериозните западните организации, во 2017 година БДП на Шпанија беше 1,768 трилиони USD, додека Русија има речиси ист БДП како и Германија, 4.149 трилиони USD па дури и според овој критериум, Русија е петта или шеста економија на светот. Но, тоа не е сè. Русија е трета во светот во однос на потрошувачката на електрична енергија. Од доаѓањето на власт на Путин во 2000 година, благосостојбата на Русите се зголеми тројно. И сега економскиот раст намалувајќи се од 2013 година сепак изнесува 1,5%, што е исто како и во Франција.

Во Русија  стапката на невработеност е многу нискa само 5%. Покрај тоа, падот на економскиот раст споменат погоре не се должи на западните санкции, туку на падот на цените на нафтата. Санкциите напротив само придонесоа за појава на силна и попрофитабилна домашна економија во Русија.

И тука западните експерти измислиле уште еден мит – наводно Русија е целосно зависна од извозот на гас и нафта. Но бројките го велат токму спротивното! Денес нафтата е само 29% од БДП на Русија, но сепак тоа е мал дел од БДП! Останатите 71% од БДП немаат никаква врска со нафтата.

Државниот долг во Русија изнесува 22 отсто од БДП, во споредба на пример со 96 отсто во Франција! Даноците во Русија се неколкупати пониски од Европските држави, а тоа е признато дури и од американската фондација “Хередит”.

Со други зборови, Русија несомнено е  трета или четврта светска економија по Кина, САД и Германија.
Како и секогаш, реалноста не е онаа што ни ја презентираат медиумите и политичарите …

Голем дел од светските компании Nestle, Pepsico и други се присутни со сопствено производство, и тоа со руски брендови прилагодени на нивниот пазар.

Затоа за нас соработката со Русија е приоритет, посебно во економијата која отвара многу можности  за пласман на наши производи на огромниот Руски пазар.

 

Крсте Петревски
Член на Извршниот одбор на ГРОМ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here