Колумна на Стевчо Јакимовски: Брука

681
0
SHARE

Брука!

Пред подолго време, ви ја кажував приказната за сирмоавиот човек кој го поставиле за цар. Го качила свитата на рамо во царски одажди и кога стигнале до некоја голема бука тој побарал да го спуштат на земја, направил еден круг околу буката и извикал: Их колку ли решета можат да се напрат од оваа бука.

Така и нашиот министер за надворешни работи на самитот во Софија, нема што друго да каже па ги информира државниците дека кога дошол висок странски државник, од пет министри замислете никој не сакал да го носи на ручек. Тој ова го кажува како врвен дострел во штедливото работење на оваа влада. Леле мори Мајко!!! Сите имале министер за Надворешни работи па и ние. На самит кај што е потрошено над 10 милиони евра, кај што дошле европски државници и зборуваат за стратегии, визии, развој, глобални прашања, безбедносни, мигрантски политики итн. Нашиот министер зборува за ручек од триста евра. Брука!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here