Комерцијална наплаќа дебели провизии за сметки во франци и не прифаќа нови штедни влогови во истата валута

427
0
SHARE

Комерцијална банка ги известила своите клиенти дека од први април воведува провизија за штедните влогови во швајцарски франци во висина од 300 до 450 денари на месечно ниво. Во исто време нејзините клиенти добиле информација дека доколку сакаат да прифаќаат нови штедни влогови во истата валута.Надоместокот е воведен на девизни трансакциски сметки

Во Комерцијална банка потврдуваат дека вовеле провизија за сметките во швајцаски франци, а како причина за тоа биле големите трошоци кои ги има банката за оваа валута.

Банката воведе провизија за водење на девизни трансакциски сметки во ЦХФ- швајцарски франци (која ќе се применува од 01.04.2019 година) и престана со отворање нови штедни влогови во ЦХФ. Ова е како резултат на високите трошоци кои истите ги предизвикуваат за Банката. Имено, согласно пазарните движења, Банката не врши пласирање на овие средства преку кредити или други видови изложеност во валута ЦХФ, при што истите се чуваат во странски банки и предизвикуваат високи трошоци за Банката- велат во Комерцијална банка.

Во меѓувреме граѓаните револтирани од политиката на банката велат дека ги повлеквуаат штедните влогови од банката или ги конвертираат во други валути.

Повеќе на 24Инфо

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here