Комисијата за заразни болести со предлог за укинување на забраната за настап на естрадни уметници во угостителските објекти

87
0
SHARE

Комисијата за заразни болести прифатила да го разгледа барањето на Независната угостителска комора (НУК) и на Здружението на естрадни уметници (ЗЕУМ) за укинување на забраната за организирање музички настани во угостителските објекти и да дозволи настап на естрадни уметници во угостителските објекти.

Согласно оваа нова точка, забрането е рашетување на естраднот уметник за време на настап по гости и во угостителски објект. Естрадните уметници заедно со угостителите имаат обврска на секој настап да ја држат под контрола ситуацијата со гостите и да не дозволат во ниеден момент да дојде до појава на неконтролирана ситуација.

-Комисијата за заразни болести прифати да го разгледа барањето на НУК и ЗЕУМ и да дозволи настап на естрадни уметници во угостителските обвјекти. НУК и ЗЕУМ очекуваат од утре да се укине постојната точка 13 и да се замени со новата. Со промената на оваа точка им се овозможува на угостителските објекти да ги поддржат естрадните уметници да имаат свои настапи согласно протоколите за работа во угостителски објекти при што имаат обврска заедно со гостите максимално да ги почитуваат и применуваат важечките протоколи за заштита на јавното здравје, наведува НУК.

НУК и ЗЕУМ воедно упатуваат апел до сите естрадни уметници каде се сведоци дека угостителите не можат да ги спроведат своите настапи во целост согласно протоколите и препораките, да ги откажат своите гостувања и настапи во целост и во интерес на заштита на сопственото и јавното здравје на гостите и останатите угостителски работници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here