Комити: Бараме неселективна правда и објективно известување!

405
0
SHARE

Навивачката група Комити вечерашниот протестен марш „Правда за Саздо“ го заврши пред Министерството за внатрешни работи каде побара неселективна правда, но и објективно и независно известување од страна на новинарите со цел да не се поттикнува бес и гнев за вакви сензитивни случаи.

-Човечкиот живот е заштитен со Устав и закон. Зарем животот на Никола Саздовски е помалку вреден од било кој живот? Бараме институциите на системот да ја спроведат правдата за нашиот непрежален брат. Новинарите објективно и независно да пренесуваат информации и да не заташкуваат случаи поттикнувајќи бес и гнев. Се работи за свирепо убиство, убијците мора да бидат казнети!, порачаа Комити.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here