КОНЕЧНО АВТОПАТОТ МИЛАДИНОВЦИ-ШТИП ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА

413
0
SHARE

Атопатот Миладиновци-Штип денеска е пуштен во употреба, тој го крати патувањето од Скопје до Штип за околу половина час. Во автопатот чија должина изнесува 47 километри, беа вложени 177 милиони евра.

Автопатот е со четири ленти, плус две ленти за застанување, широк 27,4 метри, а проектираната брзина изнесува 130 километри на час. По неговата должина има и четири клучки.

Автопатот почна да се гради во февруари 2014 година и оригинално требаше да биде готов до март 2017.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека нема да има свеченост за пуштање на автопатот во употреба.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here