Коневски доби извинување за изнесени невистини од ФБ страна блиска до власта

339
0
SHARE

Поранешниот градоначалник на општина Аеродром Ивица Коневски денес доби јавно извинување за објавени невистини од Фејсбук страната “Криминалите На Залижаниот”.

Извинувањето ви го пренесуваме во целост со цел јавноста да биде известена за невистините кои се пласираат во јавност со цел да им нанесат штета на нивниот углед и кариера.

Соопштение:

“Во врска со со објавениот пост со слика од овој профил на ден 24 август 2018 година на оваа група-страница во врска со Ивица Коневски, би сакале да истакнеме дека се изнесени невистинити факти за господинот Ивица Коневски преку коментарите што се давани од овој профил за него и неговата работа кои содржат обвинувања и клевети.

Сакаме да нагласиме дека коментарите:
– „а да и ступчињата ги менуваше секоја година еднаш бетонски еднаш железни зашто имаше 1 евро од ступче за неговиот џеб…немаш што да кажеш и се фати за изгледот, па таков неработник ко него ни ќе има ни ќе се роди, секој ден можеше да го видиш во неговиот кафиќ „Кала“ од 11 до 15 часот во сред работно време, е така работеше „залижаниот“,

– „е така правеше Ицка, ќе ги земе месец дена ќе го избрка и ќе го исплати за цела година по принципот пола за мене пола за тебе…Залижаниот од кога се појави во кошарката 2012 година и почна да тоне, одма се направи шериф и по него предлог се зголемија странците од 4 на 6 дека нели многу разбира а кога ќе дадеше кош викаше гол :)“,

не се вистинити и не се точни и не покажуваат мислење и став за господинот Ивица Коневски, затоа што се објавени во пост со слика од овој профил на ден 24 август 2018 година.

Со овој пост се извинуваме за погоре објавениот текст во кој се изнесени невистините факти за господинот Ивица Коневски.

Во врска со со објавениот пост со слика од овој профил на ден 24 август 2018 година на оваа група-страница во врска со…

Posted by Криминалите На Залижаниот on Monday, May 27, 2019

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here