Коневски реди извинувања за изнесените лаги против него: Тони Грнчаров со јавно извинување

564
0
SHARE

Поранешниот градоначалник на општина Аеродром Ивица Коневски денес доби јавно извинување за објавени невистини и од Тони Грнчаров, на Фејсбук страната “Криминалите на Залижаниот”.

Тони Грнчаров е актуелен директор на МЗТ Скопје, носител на листа на СДСМ на локалните избори 2017 г. и близок партиски пријател на Златко Марин, актуелен градоначалник на Општина Аеородром.

Лагите изречени во предизборието на локалните избори, против поранешниот градоначалник Ивица Коневски се разобличуваат една по една. Покрај јавните извинувања останува ненадоместлива штетата по угледот и честа.

Но сепак со јавните извинувања и јавните признанија за изнесените лаги, јавноста ќе знае со какви методи и каква кампања се користеше СДСМ за време на локалните избори.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here