Конгресот на САД го одби предлогот на Трамп за нов амбасадор во Македонија

390
0
SHARE

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе мора да поднесе нов формален предлог за амбасадор во Македонија.

Трамп е ставен во ваква ситуација откако соодветните тела на Конгресот на САД го вратиле неговиот предлог дипломатот од кариера Кејт Мери Брнс од Флорида да биде нов амбасадор на САД во Република Македонија а во моментов е заменик шеф на амбасадата на САД во Атина..

Одлуката е донесена на почетокот на јануари а формалната причина за одбивањето на номинацијата на Трамп се лоцира во параграфот 6 од правилото 31 на деловникот на Сенатотот на САД.

Засега е нејасно дали претставничкиот дом на САД го блокира амбасадорот за Македонија поради судирот меѓу Трамп и Конгресот за ѕидот кон Мексико или пак се работи за конкретни пречки поврзани со Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here