Конкурс за композиции на „Охрид фест – Охридски трубадури“

265
0
SHARE
А.Ј.

Организаторите на Меѓународниот фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“ распишаа конкурс за нови композиции, кои ќе бидат изведени на годинешното издание на фестивалот.

И годинава ќе имаме три фестивалски вечери и тоа Фолк вечер 5-ти, Поп вечер 6-ти, и Интернационална вечер 7-ми септември, 2019 година.

Услови за учество:
– Да се испрати демо снимка и текст на Македонски јазик;
– Наслов на композицијата;
– Назнака за која фестивалска вечер е наменета песната (Поп, Фолк или Интернационална);
– Композициите да не бидат изведувани претходно;
– Податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот), електронска адреса и телефон за контакт.

– Новитет оваа година е што на фестивалот ќе се изберат двајца дебитанти кои ќе добијат можност да настапат на фестивалската сцена. Демо снимките од нивните композиции е потребно да бидат испратени со пропратни инструменти, пијано и гитара. Авторите своите композиции да ги испратат на електронските адреси: ohridfest.produkcija@gmail.com и grigorkoprov@yahoo.com.

Конкурсот е отворен до 1-ви мај 2019 година, информираат организаторите.

Meѓународниот музички фестивал „Охрид фест-Охридски трубадури 2019“, гледачите ќе имаат можност да го проследат на директен телевизиски пренос.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here