Констатирани оставките на Груевски и Богоевски

218
0
SHARE

Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната седница едно по друго ги констатираше оставките на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и од редовите на владејачката коалиција Павле Богоевски.

Од СДСМ велат дека прифатиле да се констатира оставката што ја поднесе Груевски, а не како што претходно беше утврдено на Комисијата за мандатни и имунитетни прашања да се гласа за одземање на мандатот, за тој да не може повеќе да зема пратеничка плата.

Сепак Груевски ќе има право на апанажа бидејќи таа можност му следува според Деловникот во случај кога се поднесува оставка, но не и кога му се одзема мандатот.

Богоевски рече дека засега се уште не одлучил дали ќе го користи правото на апанажа. Во образложението Богоевски истакна дека со својата оставка ги покажува вредностите и принципите на Шарената револуција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here