Корупција во МВР на чело со Оливер Спасовски?

631
0
SHARE

Министерството за Внатрешни Работи на Република Македонија, е надлежно за идавање на лиценци за работа на компаниии кои што функционираат како испитни центри за подготовка и полагање за возачки дозволи.

Нашите сознанија говорат дека наводно, министерот Оливер Спасовски и негови блиски партиски колеги со иницијали З.К. се впуштени во укинување на лиценците на овие фирми. Овие компании функционираат на регионално ниво. Инфоњуз дознава дека на една компанија, без причина и бесправно и е укината лиценцата две години пред истекот на нејзината валидност, а друга компанија која досега функционираше во Штипскиот регион е елиминирана од оваа работа, иако фирмата поседува стручен кадар, опрема и простор и се што е потребно за работа на лиценцирана фирма од оваа област. Наспроти тоа, оваа работа сега ја зема фирма која нема ниту кадар, ниту просотор, ниту опрема и ја добива лицанцата без комплетна документација.

Инфоњуз дознава дека вработен во МВР со иницијали З.К. се заканувал на сопствениците на фирмата која ја имала претходната лиценца .  Во исто време ифноњуз дознава, дека во западниот регион лиценцата ја губи и Ауто Македонија, компанија која е, наш познат и реномиран бренд во продажбата, сервисирање на возила, хомологација , технички преглед и раководоење со повеќе испитни центри низ државата.

Очигледно не е само Вицето пуштен во превземање на бизниси и рекетирање на компании туку се создава и нов клан. Колку, и до каде е инволвиран министерот, Оливер Спасовски и во бизнисот со испитните возачки центри, кој ниту го познава, а ниту неговите луѓе го практицирале, туку е само надлежен да издава лиценци.

Злоупотребата на надлежноста за издавање на лиценци од страна на МВР е сериозен корупциски скандал, како и луѓето во него инволвирани, јавноста до прва ќе биде информирана.

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here