Косоварите не сакаат патарина, тепачки и нереди на протестот кај Калимаш

529
0
SHARE
Најавен како мирен, протестот против воведената патарина на „Патот на нацијата“ од самиот почеток почна со инциденти, за да премине во насилство, со повредени лица.
Демонстрантите кај тунелот Калимаш, веднаш почнаа да фрлаат со камења по полицијата, по што таа возврати со гумени палки  и созавец.
Демонстрантите целосно го уништија наплатниот пункт и истот го „зазедоа“, бидејќи полицијата се повлече. Насобраниот народ најави порадикални мерки, како палење на пунктот, доколку не се повлече одлуката за воведување на патарната.
Автопатот Тирана-Кукс-Морина или како што го нарекуваат „Патот на нацијата“ е во должина од 110 клометри и истиот освен транспортните претпрјатија, го користат и косовските туристи. Патарината е во висина од 2,5 евра за моторцкл, пет евра за автомобил, 11,2 евра за авотбуси, комбиња и камиони со помала носивост, додека камоните со голема носивост 22,5 евра.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here