Крадци оперираат на големо низ Маврово

704
0
SHARE

Крадците на територијата на Маврово земаат се поголем замав.

Изминатиот викенд повторно кражби низ викендички со што вкупниот број на кражби се зголемува на неколку десетици. Ова стана секојдневна појава на територијата на Маврово.

Додека граѓаните се жалат по телевизии, медиуми, и по полициските станици, власта нема слух за тоа што се случува.

Откако СДСМ дојде на власт се ослободија околу 800 ситни криминалци кои денеска оперираат низ целата територија на Република Македонија.

Граѓаните се чувствуваат се помалку безбедни, а одговорност од надлежните нема, дури ниту од самиот министер за внатрешни работи кој пред неколку дена беше разрешен од партиска функција.

“Секој ден сме жртви на крадци, а никој не ги пика во затвор“ – рече еден од револтираните граѓани.

Граѓаните се крајно незадоволни од катастрофална состојба во државата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here