Кремљ се закани со одмазднички мерки против ЕУ

454
0
SHARE

Кремљ се закани дека ќе одговори на санкциите наметнати од ЕУ , објавија руските медиуми.

ЕУ воведе санкции за случајот Скрипал . Санкциите влијаеле врз двајцата осомничени за труење на Сергеј и Јулија Скрипал, како и на шефот на ГРУ и неговиот заменик.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката на Советот на ЕУ е ” непријателска “. Канцеларијата истакна дека Москва го задржува правото да одговори.

Руски и сириски државјани се првите кои се погодени од санкциите според новата рамка, иако двете страни ги уништија спорните средства под контрола на Организацијата за забрана на хемиско оружје за разлика од САД, појаснува Министерството.

Според Русија, казнените мерки се дел од британската кампања за постигнување домашни политички цели во услови на криза на Брегзит.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here