SHARE

Годинава, светиот крст за Водици во Гостивар заврши во рацете на 30 годишниот Панче Ѓурчиновски. Тој ја имаше најголемата среќа меѓу триесетината млади гостиварци, кои скокаа по крстот во Вардар.

И оваа година прославата на големиот христијански празник Богојавление Водици во Гостивар донесе величествена атмосфера и ги наполни срцата на верниците, кои масовно ја поддржуваат манифестацијата.

Прославата на Водици започна утрово со света литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица“, на градскиот плоштад. По богослужбата, литијата тргна од црквата и преку централното градско подрачје се движеше до малиот мост на Вардар.

Од таму митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф го изврши чинот на осветување и го положи светиот крст во реката.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here