Лавров: ЕУ и НАТО ги користат земјите од Балканот за конфронтација со истокот, не се почитува мислењето на народот во овие земји

465
0
SHARE

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и на втората прес-конференција во Белград, овојпат со српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, повторно се осврна на регионот и ширењето на НАТО кон Македонија го оцени како конфронтација.

– Ја разгледавме состојбата во Европа, која, за жал, не е здрава, поради обидите на одредени членки на НАТО и на ЕУ, кои ја зголемуваат конфротацијата со ширењето на Северноатлантскиот сојуз се повеќе кон Исток. Притоа не се зема во предвид мислењето на граѓаните од одредени земји, како што беше случај во Црна Гора, и како што сега се обидуваат да спроведат во Македонија и во БиХ, вели Лавров.

Тој изјави дека се посветени кон сите претходни договори кои досега се постигнати во Советот за безбедност и тоа се однесува и за Косово и за решавањето на состојбата во БиХ, врз база на Дејтонскиот договор.

– Со Србија имаме големо поклопување на ставовите околу меѓународните прашање, констатираше Лавров.

Дачиќ се заблагодари на помошта и разбирањето што Русија и ја дава на Србија за решавање на косовското прашање, при што се осврна на изјавата на Хашим Тачи „дека многу би помогнало доколку Русија ја признае независноста на Косово, со што би се прекинала митологијата кај Србите“.

– Мислам дека е пологично кога САД и Велика Британија би го повлекле признавањето на Косово, со што би се влијаело на намалување на големоалбанската хистерија, која владее во регионот, бидејќи видовте пред неколку дена како јавно за ова говорат одредени албански политичари.Тоа е најголемата закана за мирот и стабилноста во регионот, додаде Дачиќ.

На вчерашната прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ, Лавров оцени дека регионот се соочува со многу проблеми, наведувајќи ги големоалбанските аспирации. Итакна дека е загрижен поради пасивноста на ЕУ, а како пример ја посочи Македонија и прекршувањето на Охридскиот договор.

Сергеј Лавров на Ивица Дачиќ на свечена церемонија му го врачи Орденот за пријателство, со кој беше одликуван од рускиот претседател Владимир Путин, со што заврши неговата дводневна посета на Србија

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here