Лавров: Не ја правете со Србија истата грешка како со Украина

429
0
SHARE

Со поставувањето на Србија пред изборот „Русија или Западот“, Европската Унија ја повторува истата грешка што ја предизвика кризата во Украина, која доведе до поделба на украинското општетство, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во интервју за Еуроњуз, Лавров оцени дека смета оти Србија има „апсолутно нормален пат на развој на надворешните врски“, при што има исклучитечно напредни односи со ЕУ и НАТО, но и договор за слободна трговија со Русија, води преговори за влез во зоната на слободна трговија на Евроазиската економска унија и одржува контакти со Организацијата за колективна безбедност.

– Се надевам дека Западот ја увиде грешката што ја направи со Украина, особено ако се има предвид дека со земјата сега не управува претседателот, туку радикална воена структура, додаде Лавров.

Тој натаму во интервјуто оценува дека ЕУ води двојна политука со Србија, бидејќи од една страна преговара со неа за членство, а од друга и дава сигнали дека нема да влезе во Унијата се додека не го признае Косово и не ја следи надворешната политика на Брисиел, што би подразбирало и воведување санкции кон Русија.

– Во современиот свет таквите ултиматуми се крајно непристојни и не и доликуваат на една структура каква што е ЕУ. На Балканот не постои ниту една земја во која американските и европските амбасадори не би побарале прекинување на пријателството со Русија, додаде Лавров во интревјуто за Еуроњуз.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here