ЛЕ ПЕН ГО ПОБЕДИ МАКРОН ВО ФРАНЦИЈА

538
0
SHARE

Крајно десната партија Национален собир (RN) на Марин Лепен води на изборите за Европскиот парламент во Франција, освојувајќи 24,2 отсто од гласовите, а ја следи центристичката Републиката во двожење (REM) на претседателот Емануел Макрон, покажуваат излезните анкети на институтот Elabe.

На претходните европски избори во 2014 година партијата на Лепен, тогаш Национален фронт (FN), исто така, беше прва со освоени 24,85 отсто од гласовите. Партијата на претседателот Макрон тогаш не учествуваше на европските избори, беше формирана како движење пред француските претседателски избори пролетта 2017 година.

Анкетата на агенцијата IFOP покажува дека Националниот собир освоил 24 отсто од гласовите наспроти Републиката во движење со 22,5 отсто.

Според проекциите, Лепен добива 24 пратеници во Ервопскиот парламент, а Макрон освоил 23 мандата.

Листата на Републиката во движење ја предводи Натали Лоазо, поранешната министерка за европски работи која во оваа кампања во телевизиски настап се пофали дека го блокирала почетокот на пристапните преговори за Македонија и Албанија. Листата на Националниот собир, пак, ја води 23-годишниот Жордан Бардел.

Како и во Германија, каде во анкетите освоиле 22 отсто од гласовите, Зелените и во Франција приредија изненадување и според IFOP освоиле 13 отсто од гласовите. Следат конзервативците Републиканци со 8 проценти и крајно левата партија Непокорна Франција со 6,3 отсто а некогаш водечата партија Социјалистичката партија освоила само 6,5 отсто од гласовите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here