Изгледа дека првата дама на Америка полека се откажува од гламурозните тоалети, па сè почесто можеме да ја видиме во рамни обувки и лежерни фустани.
Таа овој викенд имала полни раце работа. Со сопругот Доналд Трамп била на посета кај пожарникари, медицински лица и полицајци, за да им дадат помош во форма на маски, ракавици и средства за дезинфекција.
За оваа пригода го одбрала моментално водечкиот модел на фустан. Станува збор за крој кој потсетува на кошула и кој за многу кратко време ги освои срцата на сите дами.