„Лидер“: Костадинов се подновил со стан во Џевахир- го крие во анкетниот лист?!

358
0
SHARE

Порпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието, Костадин Костадинов, често милува да обвинува функционери затоа што одреден свој имот не пријавели во анкетен лист, но загрижени граѓани до Економски Лидер доставија фотографии и тврдат дека токму тој крие стан во луксузните висококатници на „Џевахир“ во Аеродром, пишува порталот.

Како што велат граѓаните, а кажаното го поткрепуваат со фотографии, Костадинов секојдневно влегува во една од зградите на „Џевахир“.

-Веќе неколку месеци по ред го гледаме како секојдневно влегува и излегува од една од зградите на Џевахир, поточна зградата насловена А. Соседите велат дека тука си купил стан. Па се прашуваме, како толку млад успеал да собере пари? – велат за Лидер загрижените граѓани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here