Лидерите на средба за името по Велигден

494
0
SHARE

Премиерот Зоран Заев вчера најави оти постои можност по Велигден, на 10 април да се одржи лидерска средба, како давање насоки и мислења пред следната рунда преговори што се очекуваме по велигденските празници.

На 27 јануари годинава во Клубот на пратениците се одржа досега единствениот координативен состанок на државно-политичкиот врв во врска со разговорите за името на кој присуствуваа претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека има позитивен исчекор во разговорите за името и дека тој е поголем оптимист по средбата Димитров-Коѕијас во Виена со посредникот Метју Нимиц.

„Поради други агенди на дел од учесниците, од опозицијата пред сè беше побарано напредокот што сега е постигнат во разговорите да биде споделен на билатерални средби на министерот за надворешни работи со мене, со претседателот на државата, претседателот на парламентот, со шефот на опозицијата, господинот Мицковски и со господинот Али Ахмети, а не по Велигден, ако можеме, на 10 на пример, да се одржи и лидерска средба, пред сè и како давање и насоки и сугестии пред следната рунда разговори што ја очекуваме по велигденските празници. Тоа беше нивно барање и ние го прифативме сè со конечна цел сите да бидат информирани и заедно да ги градиме стратегиите со конечна цел, решение на проблемот со името. Во 9 часот утрово имав едночасовна средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Ги знам сите детали и драго ми е што можам да потврдам дека има позитивен исчекор во разговорите“, изјави Заев.

Според него, тоа дава можност преку еден отворен, пријателски начин двајцата министри слободно да разговараат за секој сегмент на чувствителноста на прашањата со конечна цел да се најде решение за проблемот со името. „Ако некој ме праша, дали сум повеќе или помалку оптимист или позитивен, јас сум повеќе позитивен и поголем оптимист по оваа средба којашто Димитров ја имаше со Коѕијас во Виена под раководство на посредникот Метју Нимиц“, рече Заев.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here