Лицата со посебни потреби живеат како во кафез

394
0
SHARE

Секојдневно 55-годишната самохрана мајка Маргарита Милошевска од Гостивар мора да ја симнува и качува по скали својата 15-годишна ќерка Мартина, којa боледува од церебрална парализа. Принудена е на вакви маки, затоа што живее на третиот кат од станбена зграда во градот којa нема лифт. Станот го добила од државата како самохрана мајка, додека живеела и со постарата ќерка. Но, животот ѝ приредил уште една тешка судбина, откако се разболела нејзината помала ќерка, којa веќе 14 години за секоја потреба со тешки маки мора да ја вади од својот дом.

Маргарита вели дека е голем борец, но за да успее во борбата, потребно е и институциите да ѝ излезат во пресрет. Истакна дека со години бара да ѝ се промени станот и да ѝ се даде покрив над глава каде што има лифт.

-Добивам писма од институциите дека не е можно да ми се промени станот. Ниту еднаш не е дојдена комисија да провери и да види со што се соочувам јас. Барам промена на станот, не барам да ми дадат нов стан. Сега има нови згради со лифт, но се со многу мала квадратура, а ми велат не можеме да ти дадеме поголем. Овие деца се со посебни потреби, а ние сме со посебни проблеми. И на нив им треба поголем простор и не можеме да ги држиме во 35 квадрати. Или, пак, кај што ми е постојниот балкон да се изгради монтажен лифт. Па може заеднички да помогне и министерството и владата и општината. Значи, сега упатувам еден апел да ми помогнат. Не можам сето ова да го издржам, дека јас стареам, коските ми ослабуваат, ми се губи силата, јас здравствено не можам тоа да го издржам, рече Маргарита Милошевска.

Таа вели дека има голем број родители како неа, кои мака мачат со инфраструктурните бариери, не се откажуваат и ја водат битката, но од државата нема никаков слух. Некои кои имаат деца со посебни потреби и живеат на погорните катови од зградите одлучуваат да не ги вадат воопшто децата од дома кои буквално живеат како во затвор, исклучени се од надворешниот свет што влијае негативно на нивната социјализација, односно ментална состојба.

Целиот текст Независен

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here