Љубомир Михајловски Џанго нов претседател на Адвокатската комора

523
0
SHARE

Љубомир Михајловски Џанго е нов претседател на Адвокатската комора, а  за негови заменици се избрани  Јелена Ристиќ и Бесим Реџепи.

Изборот на новиот претседател траеше повеќе од 10 часа.

Досега со  Адвокатската комора претседаваше Никола Додевски кој беше адвокат на функционерите на поранешната власт во случаите на СЈО. Тој одлучи да не се кандидира за втор мандат.

Љубомир Михајловски  беше  министер за внатрешни работи од 2004 до  2006 и неколку години директор на Царинската управа. Претходно беше инспектор во Управата за оперативни работи во СВР – Скопје, самостоен инспектор за спречување криминал, виш инспектор за спречување криминал, виш инспектор за недозволена трговија со дрога, началник на Одделението за општ криминал, началник на Секторот за сузбивање на криминал, заменик на помошникот министер за криминалистичка служба во МВР и началник на Управата за внатрешни работи – Охрид, Кичево, Дебар и Струга.

Михајловски има и долгогодишна адвокатска кариера. Тој му е адвокат на Владиката Петар, а го застапуваше и Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“.

За  претседател на Адвокатската комора се кандидираа и  Звонко Давидовиќ,  Наташа Трпеновска Тренчевска, Димитар Панчевски и Александар Тортевски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here