Луѓето кои прележале кopoнавирyc имаат подобра заштита од реинфекција од луѓето кои се вакцинирани

102
0
SHARE

Луѓето кои го прележале Ковид 19 имаат поголема заштита од реинфекција пет месеци подоцна отколку лицата кои ја добиле оксфордската вакцина, а истото важи и за Фајзеровата вакцина, соопштила службата на Националното јавно здравје на Англија.

Податоците на ПХЕ Сирен студијата, која го следи здравјето на повеќе од 20.000 медицински лица во повеќе од 100 градови во Британија, покажала колку здравствени лица се заразиле со коронавирусот.

Утврдено е дека 6.614 медицински работници добиле вирус во првата половина на 2020 година, а само 44 лица од оваа група повторно заболеле од корона, пренесува Дејли Меил.

ПХЕ додава дека тоа значи дека лицата кои прележале Ковид 19 имаат 83 отсто заштита од реинфекција, а исто така им е намалена шансата да при евентуално ново заболување развијат сериозни симптоми.

Се додава дека само 15 од 44 лица кои повторно се инфицирале, развиле симптоми на Ковид 19, останатите биле асимптоматски случаи.

Истражувачкиот тим рекол дека може да се каже дека природниот имунитет на Ковид 19 трае најмалку 5 месеци, затоа што толку долго трае студијата, која ќе продолжи во наредните 12 месеци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here