Луна Парк Скопје, оставен во заборав

1875
0
SHARE

Рид од песок и недовршени столбови. Ваква е глетката на местото каде што беше стариот Луна Парк во Скопје. Стопирани се градежни работи.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски вети дека до 2018 година реновирањето комплетно ќе биде завршено. Сепак, според градежните работи проектот е далеку од реализација.  Со одлука на новиот градоначалник, Петре Шилегов, проектот е ставен во мирување.

Тој само најави дека ќе побара нов стратешки партнер за новиот луна парк. Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиу објасни дека проектот ќе продолжи, но не прецизираше датум.

„Проектот за Забавниот парк е ставен на стенд бај. Се уште немаме јасна слика што ќе се случува со него. Има неколку елементи што ги преземавме до сега но се уште не е јасно како ќе продолжи“, вели Салиу.

Граѓаните бараат забавниот парк да биде завршен побрзо, бидејќи како што велат, децата и возрасните имаат потреба од забава.

Забавниот парк не е реновиран цели 44 години, односно од времето кога бил изграден, во 1973 година. Со проектот за реконструкција во времето на Коце Трајановски на паркот беа предвидени разни реквизити за забава за децата.

 

Врз основа на идејниот проект изработен од “Буилд урбан” ДООЕЛ Скопје, паркот ќе има административни објекти, нови забавни реквизити за возење во согласност со европските стандарди за безбедност, објекти за служење на храна и пијалаци, дел за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркинг простор, соодветна техничка инфраструктура и тематизација на паркот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here