Луна Паркот ќе доцни поради инаетот на Шилегов, а инаетот ќе ги чини граѓаните на Скопје 8 милиони евра

533
0
SHARE

Последна седница на советот на град Скопје, која се одржа во понеделникот на 23ти април и беше наменета за советнички прашања. Оваа седница изобилуваше со прашања за мерките и проектите кој градоачалникот Шилегов ги спроведе или пак изостави и знаемари во изминатиот период.

По преслушувањето на аудио записот од седницата, нашето внимание го привлече одговорот на прашањето на советничката Ирена Попова која го запраша градначалникот зашто изградбата на Луна Паркот е стопирана, иако првата фаза од проектот е финализирана, сега се работат само мали зафати со намален и незабележителен интензитет.

На ова прашање градоначалникот Шилегов одговори, дека приоритет за него е реализацијата на неговото изборно ветување за пробивање на трасата во Гази Баба кај Керамидница према Аеродром, каде што се предвидува изградба на нов мост кој треба да поминува покрај хотелот Русија.

Ова поврзување на општините Гази Баба и Аеродром и не е така лошо напротив ќе биде доста корисно, но Инфоњуз дознава дека оваа одлука за пробивање на трасата кон коритото на Вардар не поминала на Советот на општина Гази Баба. Имено мнозинството во советот на општина Гази Баба гласало против. Како причина за ова се наведува дека првичната предвидена траса поминува низ стотина куќи и дворови и за истите општина Гази Баба нема обезбедно согласнот и поддршка од сопствениците, пред се поради цената за експропријација и надомест, како и фактот што жителите не сакаат прометна улица покрај нивните домови.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов заинатен и одлучен за да го реализира своето предизборно ветување, работи на измена на трасата за чија реализација ќе бидат потребни и потрошени дополнителни 8 милиони евра, пари на граѓаните на Скопје, пари кои беа предвидени и доволни за да се реализира поставувањето на реквизитите во Луна Парк.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here