Мадуро соопшти дека Венецуела ги укинува дипломатските односи со САД

686
0
SHARE

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, соопшти дека ги укинале сите дипломатски односи со САД.

Оваа одлука на Мадуро дојде откако претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно рече дека го признал Хуан Гуаидо, претседател на Националното Собрание на Венецуела кое е под контрола на опозицијата, за привремен претседател на таа земја.

Мадуро, се обрати пред своите поддржувачи кои се собраа пред претседателската палата во главниот град на оваа земја, Каракас, против демонстрациите кои ги одржа опозицијата.

Мадуро соопшти дека неговата земја го укинала сите политички и дипломатски односи со САД.

Мадуро тврди дека извршен е државен удар врз легитимната влада во оваа земја, и побара сите американските дипломати да ја напуштат земјата во рок од 72 часа.

Извор АА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here