Долгите непреспиени ноќи и очајната потрага по одговори од институциите ја натераа мајката на исчезнатиот Пино Секондо и неговите најблиски да излезат на мирен протест.
Од младото момче веќе 77-ми ден нема никаква трага.
Неговата мајка Маја во изјава за Канал 5 телевизија обвинува дека три недели полицијата ја нема известено за истрагата и прашува до кога ќе биде вака.