Мајките се волшебни битија?

321
0
SHARE

Прво- нивниот стомак бил нечиј дом. Сѐ внатре се поместува, наместува и се стистнува за внатре да го собере чудесното бебе.

Понатаму, самите произведуваат храна и секогаш имаат млеко за своето бебе.

За своето дете имаат сила еднаква на три лава, два вола, четири леопарди и цело стадо бизони. Но, само за детето.

Не читаат помеѓу редови, тоа е за аматери. Читаат помеѓу воздишки, два погледи, го читаат гугањето, плачот, сонот, мирисите. И учат.

Во една мајка се наоѓа и најголемата кукавица и најхраброто суштество кое некогаш одело на планетава.

Кога мајката ќе го бакне местото кое што боли, навистина проаѓа. Не е важно колку години имаш.

Во секоја мајка живее по некој писател и раскажувач на бајки.

Кога ја нема мама, сѐ се врти околу тоа да се врати.

Мајките се временски записничари. Можеби најмалку ќе ги видите на фотките со децата, но од нив ќе чуете најинтересни приказни и моменти од нивното растење.

Мајките работат на прегратките, бакнежите, првите зборови, секој збор и на набљудувањето на своето дете додека спие. Тие баш и не мораат да спијат.

Мајките секогаш имаат цела листа на „јас никога не би“ реченици, само од една причина – да видат што се би направиле.

Затоа не верувајте во волшебниците од приказните.

Верувајте во мајките.

Верувајте во своите магични мајки и тоа секој ден – гласно и гордо.

Вие кои повеќе не сте со своите мајки – и понатаму верувајте во нив. Ако се горе – и натаму се магични.

И никогаш не ги земајте здраво за готово. Затоа што ниту едно друго суштество не е толку магично.

Татковци – извинете, за вашата магија ќе зборуваме некој следен пат.

Извор Курир

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here