Македонија не доби датум за преговори со ЕУ, Заев не го одржа зборот за избори

623
0
SHARE

Советот за општи работи на ЕУ по долга дебата денеска во Брисел не донесе одлука за одредување датум за отпочнување преговори со Македонија и Албанија.

ЕУ ќе се наврати на ова прашање во октомври, се наведува во заклучокот.

Комесарот за проширување на Унијата Јоханес Хан изрази жалење за одлуката на Советот на ЕУ, посочувајќи дека малцинството земји не биле подготвени уште денеска да одобрат конкретен датум за преговори за Албанија и Северна Македонија.

Тој се надева дека тоа нема да биде случај во октомври, додавајќи дека ЕУ треба да ги награди резултатите што ги испорачале двете земји изминатата година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here