Македонија, Земја без министер за здравство веќе 3 месеци

541
0
SHARE

Од почетокот на изборната кампања заклучно 15ти септември и два месеци по локалните избори, раководното место во Миснистерството за здравство и понатаму е празно. Премиерот Заев се уште не се решил дали ова место ќе остане кај Алијансата за Албанците или ќе има размена со некое друг министерски ресор.

Алијанса за Албанците сака да ја задржи оваа институција  го предложија Вулнет Ферати. Додека се чека конечна одлука од Премиерот, од неговата партија соопштуваат дека чекаат да се врати Зијадин Села од САД.

Но, извори од СДСМ соопштуваат дека сите опции се на маса, без да се исклучи можноста и за размена на министри помеѓу владините партнери.

Во преговорите меѓу партнерите отфрлена е можноста вицепремиер за реформи да и се даде на Алијансата.

И додека владините коалициони партнери неможат да се договорат за министерското место, граѓаните се оние кои најмногу страдаат.

Некои од пациентите кои се лекуваат од одредени заболувања веќе втор месец не може да добијат целосна терапија, бидејќи дел од лековите ги нема. Пациенти кои деновиве отишле да си ја подигнат терапијата, им било образложено дека лековите ги нема поради тендерски процедури.

Во борба за редовна терапија се пациентите со Вилсон, туберна склероза, мултиплекс склероза, дијабетис и голем број на други пациенти со ретки болести, на кои животот им зависи од лековите.

Поради застој во тендерските процедури се уште вон функција е и едниот од двата апарати за магнетна резонанца на Клиниката за радиологија. Оттаму велат дека причината е задоцнетото распишување на тендер за обнова на договорот за сервисирање.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here