Македонската економија годинава ќе биде најслаба во регонот, прогнозира Светска банка

232
0
SHARE

Македонската економија годинава ќе биде најслаба во регонот заедно со Црногорската, прогнозира Светска банка во пролетниот извештај. Ралниот раст на економијата, според нивната проекција, не е толку оптимистички, ќе достигне до 2,9% од БДП, наспрема владините проекции од 3,2%.

Jавниот долг кај нас се зголемува и годинава ќе достигне до фантастични 53,4% од БДП.

„Очекуваме зголемување на јавниот долг, поради забрзување на изградбата на автопатиштата и мислиме дека ова е привремен феномен. Кога ќе заврши изградбата долгот ќе се намали повторно. Во регионот гледаме дека и земјите кои што се во фаза на изградба на автопатишта се соочуваат со зголемување на јавниот долг, но откако изградба ќе заврши гледаме намалување. Важно е да се осигура дека задолженоста која што се случува да се користи само за она што ќе го забрза растот во иднина.“ – изјави Сања Маџаревиќ Шустер, Светска банка.

Владата да внимава како ги дели субвенциите, а новото зголемување на минималната плата што го најави Заев, според Светска банка, ќе ја погоди текстилната индустрија.

Светска банка забележува и дека продуктивноста на македонските работници заостанува зад земјите во регионот. Невработеноста се намалува, но половина од работоспособното население со години е неактивно.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here