Марјан Србиновски тешко повреден во сообраќајна несреќа

699
0
SHARE

Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација и актуелен тренер на Гостивар, Марјан Србиноски доживеал тешка сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар – Тетово. Тој со своето возило излетал од патот и удрил во бандера.

Србиновски веднаш бил пренсен во болница во Тетово, каде му биле утврдени тешки телесни повреди.

Од МВР ја потврдија веста и соопштија дека несреќата се случила во утринските часови на автопатот Гостивар – Тетово кај клучката Жеровјане. Марјан возел со возило „Фолксваген Пасат“, со гостиварски таблици.

Поранешниот кошаркар излетал од патот и удрил во бандера за улично осетлување велат од МВР. Увид на местото на настанот веднаш извршила екипа од СВР Тетово.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here