Масовно труење на кучиња скитници во Охрид (вознемирувачки фотографии!)

703
0
SHARE

На повеќе локации во стариот дел на градот Охрид, центарот и други места расфрлан е отров. Во опасност покрај уличните кучиња, мачки и други животни се и домашните миленици, но и луѓето предупредуваат активистите за заштита на животните. Посочуваат дека во најтешки маки угинале голем број кучиња и мачки.

-Охрид сабајлево. Затруен маалски миленик заедно со 4 нејзини кученца. Местото каде душа испушти мајката е одма до црква, градба што на љубов и сочувство треба да потсетува, а кученцата душа испуштија отспротива, во приватен двор. Ова е масакар. Газдата на имотот излегол во 7 сабајле, живи и здрави биле. Кога се вратил околу 8 ги начекал усмртени. Повикана беше полиција (која повторно дигаше раменици), направен е записник. Дојдоја и двајцата локални ветеринарни инспектори. На крај дојде и комунална служба и ко партали ги исфрли телата во камион за отпад.- ја опиша страотната глетка која утрово ги затекна охриќани на својот Фејсбук профил Климент Арнаудов, активист за заштита на животните.

Труењето на животните предизвика жестоки реакции на јавноста која бара одговорност за нехуманото дело и истрага за откривање на сторителите, како и соодветна казна за нив.

Извор: www.ohridnews.com

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here