Мери сопруга на директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, стана претседател на Здружението на кошаркарски прволигаши

1218
0
SHARE

Мери Ковачевска, сопруга на директорот на државната компанија ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е партиски кадар на СДСМ стана претседател на Здружението на кошаркарски прволигаши.

Таа доаѓа на место на местото на Видоја Секуловски од МЗТ Скопје, чиј мандат веќе заврши, и ќе биде првата дама на чело на ова здружение.

Ваквото именување го поставува прашањето дали станува збор за обид на владејачката партија, преку сопругата на својот истакнат член, да оствари контрола во случувањата во македонската кошарка. Тоа прашање е актуелно особено што Мери Ковачевска има едвај едногодишно искуство во кошарката, односно само од минатата сезона таа е дел од управа на кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here