Мирјана Најчевска: Законот неможе да се примени и спроведе без попис. Законот е глуп!

743
0
SHARE

Професорката Мирјана Најчевска тврди дека Законот за јазици не може да се примени без попис.

Откако добила реакции дека е албанофоб контраверзната професорка вели дека не може да знае дали во земјава има над 20 проценти Албанци без пребројување на населението.

„Јас повторно ќе прашам: како ќе се примени Законот за јазиците без попис? На жими мајка? Како да знам дека етничките Албанци во Македонија се 20% од населението кога не знам колку население има во Македонија?
Или не смеам да барам попис затоа што е тоа израз на албанофобија? И не смеам да барам примена на одредбите на законот на правен начин затоа што е тоа албанофобија? И не смеам да кажам дека ова што го усвоија пратениците нема врска со законски текст затоа што е тоа алванофобно?
Мене ме етикетирате како албанофоб? Навистина?
За правото се работи и тврдам дека само ригидна примена на правото може да ги заштити правата на луѓето, а не политички памфлети кои имаат наслов закон.
Престанете да браните неправо во име на правата. ЗАКОНОТ Е ГЛУП“, вели Најчевска, која беше жесток критичар на претходната влада и беше дел од „Шарена револуција“.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here