Мицкоски и коалицијата „За подобра Македонија“ се за предвремени избори

291
0
SHARE

Претставниците на политичките партии на коалицијата „За подобра Македонија” го осудија чинот на уцени, на закани, на притисоци, на тргување со правото и правдината во врска со уставните промени за остварување на политички цели на кои македонската јавност беше сведок, изјави вечерва Христијан Мицкоски по состанокот на коалицијата.

„Со ова, практично дојде до целосно делегитимирање на правната држава, Македонија е практично држава каде што веќе немаме владеење на правото. Бевме сведоци на целосна спрега меѓу политичките партии, владата, судскиот систем и органите на државата, а сѐ со цел реализирање на политички цели. Коалицијата „За подобра Македонија“ ова го осудува и изразува згрозување од сето она што се случуваше во Република Македонија. Со цел да не се повтори истото“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека на состанокот била изразена загриженост и во делот на законски измени што се однесуваат на Законот за двојазичност, оној чин каде што на еден полушверцерски начин во доцните вечерни часови беше потпишан указот без потпис на претседателот на државата и истиот следниот ден веќе беше однесен во Службен весник каде што директорот противправно, без потпис на претседателот го објави во „Службен весник“.

„И тука уште еднаш би сакал да потсетам, а од страна на претставниците на политичките партии кои се дел од коалицијата „За подобра Македонија“ изразија поддршка и согласност со тоа што ВМРО-ДПМНЕ претходно го кажа дека е извршен атентат практично на Република Македонија. И изразија поддршка во намерата на ВМРО-ДПМНЕ да се поднесат кривични пријави против сторителите на ова противуставно, противзаконско и противделовничко практично дејствување од страна на парламентарното мнозинство на Зоран Заев и Талат Џафери. Сите изразија и поддршка за поднесување на претставка до Уставниот суд за оценување на уставноста на овој закон“, изјави вечерва Мицкоски.

Претставниците на коалицијата „За подобра Македонија“, додаде Мицкоски, се согласи со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори за да можат граѓаните на одлучат дали се за понижена и омаловажена Северна Македонија или се за горда и достоинствена Република Македонија.
Извор Курир

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here