Мицкоски: Не можете вие толку да уапсите колку што ние ќе ве победиме

297
0
SHARE

Апсењето на лидер на опозициска партија на еден месец пред гласањето на претседателските избори не е ништо друго освен чин на брутален политички притисок и израз на огромен страв и паника на заевизмот кој губи, реагираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по апсењето на Стевчо Јакимовски.

„Тоа што досега нема ниту една акција против криминал за било кој човек од оваа власт, а сепак ние остануваме држава заробена во корупција на дното во Европа покажува дека е криминална и варварска власта. Очигледно кампањата на Заевизмот се апсења, но во исто време тоа покажува и дека Заев драматично губи кај народот. Нема веќе страв. Не можете вие толку да уапсите колку што ние ќе ве победиме. Доаѓа правда за сите“, наведува Мицкоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here